Хјустон на крилјата на Харден со нов рекорд по број на победи во сезона

Кошаркарите на Хјустон стигнаа до рекорд по бројот на победи во една сезона со триумфот синоќа против Њу Орлеанс од 114-91 во НБА лигата.

Хјустон на тој начин стигна до 59-та своја победа сезонава, предводен од Џејмс Харден со 27 поени, додека Клинт Капела запиша „дабл-дабл“ од 18 поени и 16 скока.

На спротивната страна најдобар беше Ентони Дејвис со 25 поени и 8 скока. Во тимот на Пеликанс недостасуваат Никола Миротиќ и Ражон Рондо, покрај Демаркус Казинс, кој од поодамна е надвор од терените.

Филаделфија славеше против Минесота со 120-108 предводена од извонредниот Бен Симонс. Руките на Филаделфија стигна до 10-от „трипл-дабл“ сезонава со 15 поени, 12 скока и 13 асистенции. Одлично го следеше о Џоел Ембид со 19 поени и 6 скока, додека Дарио Шариќ постигна 18 поени.

Кај Минесота најефикасен беше Ендрју Вигинс со 16 поени, еден повеќе од Карл-Ентони Таунс кој дополни и со 11 скока.

Со шесттата едноподруго победа Филаделфија ја продолжи потерата по третопласираниот Кливленд на Истокот, додека Минесота е седма на Западот со 42-32.

Во останатите мечеви Детроит беше подобар од Чијаго со 117-95, Орландо славеше против Феникс со 105-99, а ЛА Лејкерс беа подобри со 93-100 на гостувањето против Мемфис. Шарлот славеше со 98-102 на гостински терен против Далас.

Се вчитува...