Хјустон промаши 27 шутеви за тројка во низа – Голден стејт во финале против Кливленд!

И четврта година по ред исто финале во НБА лигата: Кливленд – Голден стејт.

Голден стејт за финалето се избори со победа во седмиот меч против Хјустон од 92-101 за конечни 4-3 во финалнаѕа серија на Западот.

Вориорс уште еднаш покажаа карактер победувајќи во Хјустон, но мора да се напомене дека Рокетси беа ослабени со неиграњето на повредениот Крис Пол. Хјустон водеше по првиот дел со 54-43, но им пресуди третата четвртина (15-33) во која ги промашија сите 14 шутеви за три поени. А, вкупно на натпреварот Хјустон имаше неверојатна низа од дури 27 промашени шута за тројка, што е нов неславен НБА рекорд.

На спротивната страна Стеф Кари постигна 14 поени во третиот период, со четири од пет обиди за три поени. Кевин Дурант со 34 поени и Стеф Кари со 27 поени беа најефикасна кај Голден стејт, додека 32 поени на Џејмс Харден сепак беа премалку за триумф на Хјустон.

Првиот меч од големото НБА финале се игра утрото на 1. јуни по средноевропско време во Оукленд. Голден стејт против добро познатиот ривал сака трета титула во последните четири години, додека Кливленд стигна до трофејот во 2016 година, иако губеше со 1-3.</p

Се вчитува...