Хоџсон заминува од Кристал Палас, Лампард е главен фаворит за негов наследник

Рој Хоџсон ќе ја напушти функцијата менаџер во Кристал Палас на крајот на оваа сезона. Неговиот последен натпревар на клупата ќе биде против Ливерпул на „Енфилд“ во последното коло од овогодинешната Премиер лига.

Искусниот стручњак дојде во клубот од своето детство во септември 2017 година. Седеше на клупата на 162 натпреварувачки натпревари, и во текот на сите четири сезони успеа да го остави Кристал Палас во Премиер лигата.

„По повеќе од 45 години тренерска кариера, решив дека сега е вистинското време да заминам. Уживав во последните четири години во Палас. Сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и да се посветам на некои други работи. Му посакувам многу среќа на клубот во наредниот период, сигурен сум дека ќе биде во добри раце“, изјави Хоџсон.

За време на својата богата тренерска кариера, Хоџсон водеше над 20 клуба, а во периодот од 2012 до 2016 година беше селектор на Англија.

По ваквата вест, се погласни се најавите дека екс-тренерот на Челси и легенда на тимот од Лондон, Френк Лампард ќе биде новиот тренер на Кристал Палас. Френк веќе ја започна својата тренерска кариера, а по отказот од Челси е без работа, па по крајот на фудбалската сезона, се очекува наскоро да започне преговори со нов клуб за нови предизвици.

Се вчитува...