Хокеј: Швајцарците ја изненадија Канада, ќе играат финале со Чешка

Суперинтересен беше денешниот натпреварувачки ден на светскиот шампионат во хокеј на мраз, што беше резервиран за полуфиналните пресметки во кои Чешка ја елиминираше Шведска, додека Швајцарија приреди изненадување со победата над Канада.

Чесите неочекувано убедливо ја совладаа Шведска со 7-3, но мора да се истакне дека скандинавската селекција имаше две водства во првата третина, од 0-1 и од 1-2.Чешка успеа да израмни, а потоа во вториот период и да направи голем пресврт и да поведе со 5-2. Шведска стигна до 5-3, потоа не искористи две минути со играч повеќе, по што Чесите со двата гола на Седлак ја запечатија убедливата победа.

Дуелот меѓу Швајцарија и Канада беше решен дури во пенал-рулет, во кој поумешни  беа Швајцарците откако мечот и по регуларните 60 минути и по продолжението заврши со 2-2. Швајцарија имаше водство од 2-0, Канаѓаните покажаа карактер и се вратија со гол на две минути до крајот, но во пенал-рулетот повторно блесна извонредниот швајцарски голман Џенони, кој одбрани четири од петте удари кон неговиот гол и ја одведе својата селекција во големото финале.

Се вчитува...