Фудбалерите на Холандија убедливо го надиграа Тунис во 3. коло од Групата Ф на Светското првенство и го обезбедија првото место со победа од 3-1 (2-0).
На овој начин, популарните „лалиња“ го „избраа“ второпласираниот од групата Ц за свој ривал, а од претходната вечер знаеме дека тоа ќе биде Мароко.
Тежок противник за првата нокаут фаза, но претходно беше познато дека ждрепката беше немилосрдна кога ги „вкрсти“ првопласираните и второпласираните екипи од групите Ц и Ф.
Во исто време, стана дефинитивно јасно дека Јапонија, по ремито со Шведска, ќе оди од втората позиција во пресметка со Бразил.
Фудбалерите на Јапонија и Шведска, пак, ремизираа со 1-1 (0-0), па и двете селекции продолжуваат понатаму, зад првопласираната Холандија.
Азискиот тим „избра“ да игра против победникот од групата Ц, Бразил, во 1/16 финалето.
Интересно е што третопласираната Шведска „на хартија“ ќе има малку полесна задача, бидејќи според проекцијата, треба да игра против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
