Без селектор е репрезентацијата на Холандија, откако беше елиминирана од Светското првенство по поразот од Мароко на пенали во 1/16 финалето. Куман, кому ова му беше втор мандат на клупата на „лалињата“, беше селектор од 2023 година. Претходно селектор на Холандија беше во периодот од 2018 до 2020 година. Нему му истече договорот, и истиот нема да биде продолжен.
Холанѓаните беа едни од фаворитите да стигнат далеку на овој Мундијал, но наидоа на незгодниот Мароко во 1/16 финалето. По регуларниот дел беше 1-1, а потоа на пенали беа елиминиани, што го натера Куман на ваков чекор.
Во минатото овој искусен стратег ги предводеше и Барселона, Саутемптон, Евертон, Феенорт, Валенсија, ПСВ, Бенфика, Ајакс и Витезе. Само во Ајакс, Феенорд и Саутемптон се задржа повеќе од една сезона.
Како најсериозен кандидат за наследник на Куман се споменува Ерик тен Хаг, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед кој во моментов работи како технички директор на Твенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
