Холовеј се закити со злато откако истрча најбрзо на 110 метри со пречки на СП (ВИДЕО)

Во денешната програма на Светскот првенство во Јуџин се одржа и финалната трка на 110 метри со пречки во машка конкуренција, а златниот медал му припадна на Грант Холовеј од САД со време 13.03 секунди.

Второто место му припадна на Американецот Треј Канингем со време 13.08 секунди, додека Шпанецот Асиер Мартинез се закити со бронзениот медал со личен рекорд од 13.17 секунди.

 

Се вчитува...