Хорхе Сампаоли ќе го наследи Луис Енрике на кормилото на Барселона?

Барселона дефинитивно нема да го продолжи договорот на тренерот Луис Енрике по завршувањето на оваа сезона, тврдат шпанските медиуми. Веќе е познато и решението што најверојатно ќе го преземе раководството на каталонскиот клуб.

Хорхе Сампаоли, аргентинскиот стратег на кормилото на Севилја, треба да биде тренер на Барселона од следната сезона. Тој се уште го нема продолжено договорот со Севилја, а понуда од Барселона секако не се одбива.

Луис Енрике има актуелен договор, но и клаузула дека може да биде раскинат со отштета од 1,5 милиони евра по завршувањето на оваа сезона. Барселона најверојатно ќе посегне по овој потег и ќе одлучи да го постави Сампаоли на местото на Луис Енрике.

Клубот од „Камп Ноу“ е на работ на елиминација од Лигата на шампионите по убедливиот пораз од ПСЖ (4-0), а исто така има заостанување и во Примера во однос на Реал Мадрид. Вакви резултати во редовите на Барселона не се простуваат.

Се вчитува...