Ред Бул кој ја прекина доминацијата на Луис Хамилтон и воедно го спречи британскиот возач да го надмине Михаел Шумахер по бројот на освоени трофеи во Формула 1 шампионатот во минатото имал обиди да го ангажира сега седумкратниот шампион.
Оваа вест ја откри првиот човек на австрискиот тим, Кристијан Хорнер кој сепак додаде дека во иднина не би можел да се склучи договор со оглед на големите примања на Хамилтон и Ферстапен.
„Луис е неверојатен возач. Седум пати беше шампион и ќе биде дел од караванот уште долги години. Да, точно е дека во минатото неколку пати имавме разговори за можноста да ни се приклучи во Ред Бул, но не успеавме да се договориме.
За да ги имаме Хамилтон и Ферстапен во нашите редови мораме да ја продадеме фабриката со оглед на висината на нивните договори“, вели Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА