Хорор сцени: Љорис си ја скрши раката, врескаше од болка (видео)

Хуго Љорис направи голема грешка на самиот почеток од мечот со Брајтон, а за кошмарот на Тотенхем да биде уште поголем, францускиот голман покрај подарениот гол на противникот заработи и тешка повреда.

Тој ја пушти топката за да не влезе со неа во голот, но притоа се лизна и лошо падна на раката, врескајќи од болка. Првичната неофицијална дијагноза е дека станува збор за скршеница, со оглед на фактот дека Љорис мораше на носилки да биде изнесен од теренот, со маска за кислород преку неговото лице.

Се вчитува...