Хорват: Коронавирусот и карантинот премногу влијаеше на Металург, но сепак одиме на победа против Фајверс

Металург ќе го пречека Фајверс во натпревар од четвртото коло во ракометната Лига на Европа. Металурзите ќе се обидат да стигнат до првиот триумф сезонава во новото натпреварување во третиот натпревар сезонава. Златко Хорват вели дека Фајверс е добар тим и доколку сакаат победа ќе мора да ја спречат брзата транзиција на тимот.

„По два карантиина веднаш почнавме со силен ритам, играме секој втор ден натпревар. Фајверс е една добро составена екипа. Трчаат многу сите 60 минути и тоа е нивната најсилна страна. Ние ако успееме тоа да го исконтролираме и не им дозволиме лесни погодоци тогаш мислам дека можеме да очекуваме бодови, ако не тогаш тие ќе не надиграат. После сè ова навистина е тешко да се предвиди што би се случило. Ние поради оваа ситуација не можевме ниту нормално да тренираме ниту да играме ниту пак да се воиграме. Ќе видиме што ќе биде. Најважно е секој да го даде својот максимум, кој колку може, па ако тоа биде доволно за победа, ќе биде супер“, вели Хорват.

Хрватското крило додава дека ако се на највисоко ниво може да се стигне до победа, но тешко е бидејќи карантинот премногу им влијаеше.

„Сигурно дека можеме да победиме ако бидеме на највисоко ниво, но сега тоа е навистина тешко да го изреализираме, како што реков, поради тие два карантини за месец и половина. Тоа навистина е голем проблем, но таква е ситуацијата, мораше да го поминеме и тоа. Се надевам дека успеавме да фатиме каков таков ритам во овие неколку дена и што подобро да се подготвиме за нив“, изјави Хорват. 

Натпреварот меѓу Металург и Фиверс ќе се игра утре со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...