Хрватите го избркаа Вукојевиќ поради видеото со Вида

Домагој Вида избегна суспензија од ФИФА поради спорното видео по триумфот над Русија, но таа случка значи предвремено пакување на Огњен Вукојевиќ, кој беше разрешен од стручниот штаб на „коцкестите“. Вукојевиќ и Вида заедно ја посветија победата во четвртфиналето на украинскиот народ, што од страна на Русите беше оценето како политичка провокација. Хрватската Фудбалска Федерација денеска објави дека Вукојевиќ го напушта стручниот штаб на два дена пред полуфиналниот дуел со Англија, воедно упатувајќи јавно изјавување кон руската јавност за однесувањето.

„Ја разбирам и почитувам одлуката на федерацијата. Јас не би сакал да бидам товар на репрезентацијата пред еден толку важен натпревар, кога е најпторебен мир. Во моите изјави немаше политичка конотација, само сакав да се заблагодарам за поддршката на пријателите од Украина, како и на мојот клуб Динамо Киев, кој ми дозволи да бидам дел од овој мундијал. Сепак, разбирам дека моите изјави можат да бидат и поинаку разбрани, затоа се извинувам ако некој ги доживеа на таков начин“ – изјави Вукојевиќ.

Се вчитува...