Хрватите ја вратија забраната за публика до крајот на фудбалското првенство

Фудбалското првенство на Хрватска ќе се доигра без публика, откако сериозно се зголеми бројот на заболени од коронавирус во земјата. ХНС по препорака на Институтот за јавно здравје на Хрватска донесе одлука повторно да нема присуство на гледачи на трибините.

„Со оглед дека за ХНС здравјето на фудбалерите и другите актери на фудбалските мечеви, исто како и на гледачите кои се на трибините, е најважно, донесена е одлука преостанатите натпревари од Првата лига, финалето на Купот на Хрватска, и мечевите во женски фудбал да се играат без присуство на публика. Со ова треба да се минимизира ризикот од можното ширење на коронавирусот на фудбалските натпревари“, се вели во соопштението на ХНС.

 

Се вчитува...