Хрватите признаа дека „бегале“ од Србија

Хрватската репрезентација ја совлада Украина во последниот меч во Милано, но „коцкестите“ притоа „манипулираа“ со резултатот, се со цел да избегнат дуел со Србија во четвртфиналето од Евробаскет. Имено, победа од осум или повеќе разлика ќе значеше дека Хрватска ќе биде втора во групата, што би ја донело Полска за ривал во следната рунда, но и дуел со Србија во четвртфиналето.

Од друга страна, „коцкестите“ со победа помала од осум поени го освојуваа третото место во групата, што им носи дуел со Финска во следната рунда, а потоа пресметка со подобриот од мечот Шпанија – Литванија. Бојан Богдановиќ при водство од седум поени намерно промаши слободно фрлање, а хрватскиот репрезентативец Иван Рамљак во изјава по мечот потврди дека желба на хрватските кошаркари била да се избегне дуел со Србија.

„Секако дека зборувавме меѓу нас да ја избегнеме Србија во нокаут-фазата“, изјави Рамљак.

„Коцкестите“ добиваат шанса за одмазда бидејќи сега ги очекува дуел со Финска, ривал од кого загубија во клучниот меч од претквалификациите за СП, по што беа елиминирани и останаа без шанса за настап на наредниот кошаркарски мундијал.

Се вчитува...