Хрватите решија: Трофејот за шампионот ќе пристигне со хеликоптер

Последното коло од хрватското првенство ќе биде суперинтересно, ако се знае дека Риека, Динамо Загреб и Хајдук сите имаат шанси да се закитат со шампионскиот трофеј.

Риека е во пол-позиција и за титула е доволно само да слави на домашен терен во последното коло, но федерацијата реши да не протежира никого кога станува збор за шампионскиот трофеј. Така, пехарот нема да биде присутен на ниту еден од трите стадиони каде ќе се водат битки за титулата, туку веднаш по завршувањето на тие натпревари ќе биде донесен на арената каде ќе биде промовиран шампионот – и тоа со хеликоптер.

„Сите сме возбудени поради оваа неизвесна и драматична завршница на сезоната. Сојузоот, спонзорите, лигата, гледачите, сите можаеа само да сонуваат за ваков расплет во последното коло… За да се осигураме дека трофејот и шампионските медали ќе стигнат на вистинското место за славје, организиравме хеликоптерски превоз за истите експресно да бидат донесени до арената каде ќе биде крунисан новиот шампион“, изјави првиот човек на Хрватската Фудбалска Федерација, Маријан Кустиќ.

Се вчитува...