Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно е во центарот на вниманието на хрватската јавност по неверојатниот погодок на натпреварот против Казахстан во квалификациите за Светското првенство.
Во Астана, Македонија славеше со минимални 0-1, а стрелец на победоносниот гол беше искусниот голгетер кој фантастично се најде во шестнаесетникот уште еднаш докажувајќи ја врвната класа.
Трајковски заврши со клупските обврски во Хајдук Сплит и веднаш му се стави на располагање на селекторот Милевски па допрва ќе размислува за својата иднина со оглед на тоа што нема повторно да се врати во хрватскиот тим за кој настапуваше во последните две години.
Во хрватските медиуми веднаш одекна наслов „За Хајдук не беше добар, а десет дена откако замина од „Пољуд“ маестрално постигна гол од волеј“.
Трајковски за сплитскиот тим настапи на 38 натпревари и постигна десет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА