Хрватот Мариќ, нов „бомбардер“ на Металург

Металург продолжува со „ремонтот“ во играчкиот кадар откако денеска беше обезбедено и четвртото засилување за наредната сезона. Станува збор за хрватскиот интернационалец Марјан Мариќ, кој настапува на позицијата лев бек и се очекува да биде значаен адут на новиот тренер Стојановиќ.

Марјан (23 години) доаѓа од ракометно семејство, со оглед на фактот дека тој е брат на хрватскиот репрезентативец Марино Мариќ. Со своите 193 сантиметри тој ќе биде од голема помош и во играта во одбрана. Мариќ е четврто засилување за тимот од Автокоманда, откако претходно договори со Металург потпишаа Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.

„Металурзите“ ќе продолжат со ангажман на нови ракометари во текот на месецов, се со цел повторно да биде создаден респектабилен ростер со кој поранешниот првак на Македонија ќе се натпреварува во Купот на ЕХФ.

Се вчитува...