Хрватот Ребиќ го импресионираше Мурињо

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ би можел да направи сензационален трансфер во Манчестер јунајтед по завршувањето на Светското првенство во Русија. Тој прикажа одлични игри на Мундијалот, утре ќе игра во финалето на СП, а потоа најверојатно ќе се пресели на „Олд Трафорд. Менаџерот Жозе Мурињо е импресиониран од неговите настапи и ќе испрати понуда вредна 44 милиони фунти до Ајнтрахт Франкфурт за неговите услуги.

За Ребиќ интерес покажува и Баерн Минхен. Новиот тренер Нико Ковач многу добро ги знае неговите квалитети со оглед дека го тренираше во изминатиот период.

Се вчитува...