Хрватска едвај го совлада Косово, Вида донесе триумф за „коцкестите“

Фудбалската репрезентација на Хрватска важеше за супер-фаворит на дуелот против Косово, но едвај стигна до триумф од 1-0, во мечот што продолжи денеска на „Максимир“, откако синоќа беше прекинат во 21.минута, поради силен дожд. Дефанзивецот Домагој Вида беше стрелец на победничкиот гол во 74.минута, откако со удар со глава ја смести топката во противничката мрежа, по изведениот слободен удар на Лука Модриќ.

Dinagoj Vida Goal HD – Croatia 1-0 Kosovo 03… by riqezi

Со овој триумф, „коцкестите“ го задржаа првото место во групата И со 16 освоени бода, два повеќе од Украина и три бода позитива пред Исланд.

Се вчитува...