Хрватска и Холандија одиграа без победник 25-25 во реваншот кој се играше во Осијек во 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.
Холанѓаните фуриозно го стартуваа мечот и во првата половина од првите 30 минути стигнаа до огромни плус шест 7-13. Сепак, Хрватите успеаја да се вратат во игра и до крајот на првиот дел да намалат на само минус еден (14-15). Во вториот дел се играше гол за гол игра во кој на крајот најреално беше реми (25-25). Матео Мараш со пет гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Дани Бајенс постигна шест гола.
Резултати квалификации ЕП: Португалија – МАКЕДОНИЈА 32-27, Словенија – Црна Гора 37-30, Летонија – Италија 23-29, Литванија – Грузија 35-27, Турција – Луксембург 31-20, Унгарија – Швајцарија 36-27, Словачка – Финска 32-25, Норвешка – Србија 35-25, Босна и Херцеговина – Косово 26-24, Исланд – Чешка 28-19 и Израел – Естонија 29-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА