Хрватска преку Турција до три од три во Евроквалификациите

Репрезентацијата на Хрватска стигна и до третата победа во Д од квалификациите за Европското кошаркарско првенство во 2022 година, откако вечерва во „Синан Ердем“ арената во Истанбул ја совлада Турција со 79-62.

Клучен во мечот беше првиот период кој „коцкестите“ го добија со убедливи 24-7. До крајот успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечен триумф од 79-62. Миро Билан со 30 поени, надополнети со 12 скока беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Мелих Махмутоглу го заврши мечот со 14 поени.

Во претходните два меча од денешната понуда Холандија во „трилер-меч“ ја совлада Шведска со 78-76, додека Белгија ја декласираше Чешка со 90-62. Македонската репрезентација утре во 15 часот игра против Италија.

Се вчитува...