Хуанфран паузира три седмици, ги пропушта дуелите со Баер Леверкузен и со Барселона

Десниот бек на Атлетико Мадрид, Хуанфран, ќе паузира најмалку три седмици откако заработи повреда на бутниот мускул на неделниот меч против Селта (3-2) во Примера. Тоа значи дека еден од клучните фудбалери на Диего Симеоне ќе ги пропушти значајните натпревари на Атлетико Мадрид во наредниот период.

Хуанфран нема да биде на располагање за првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Баер Леверкузен,  ќе ги пропушти и мечевите против Спортинг Хихон и против Барселона во шпанскиот шампионат.

Речиси сигурно неговата позиција ќе ја заземе хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко.

Се вчитува...