„Хуго Бос“ влегува во Формула 1?

Ред Бул намерува да ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот и во годините кои следат, а во планот вклучен е и вториот тим на Австриците, Алфа Таури кој во сезоната која следи може да добие ново име откако за спонзорство желба изразил познат моден бренд.

Станува збор за „Хуго Бос“ кој е во преговори со тимот од Фаенце да постане главен спонзор на тимот, откриваат специјализираните портали за автомобилизам „RacingNews365“ и „Formula.Hu“.

Австриската коорпорација која неодмна на позицијата шеф на тимот го назначи Лоран Мекис кој доаѓа од редовите на Ферари стави дознаење дека има големи планови за тимот, а спонзорството со Хуго Бос ветува и голема финансиска принова која ќе овозможи конкурентен болид во иднина.

Се вчитува...