И 50 поени на Дурант се премалку за да се освои Портланд

Кошаркарите на Портланд му нанесоа нов пораз на шампионот Голден стејт, со фуриозна игра во нападот триумфирајќи со 123-117 над најдобриот офанзивен тим во лигата. Кевин Дурант постигна 50 поени за „воините“, но и тоа беше премалку за да се освои Портланд, во чии редови најефикасни беа Лилард со 44, Меколум со 29 и Нуркиќ со 17 поени.

Домаќините доминираа цел натпревар, веќе пред крајот на првата четвртина стигнаа до 20 поени предност. Шампионот успеа да се врати, израмни на 99-99 на стартот од последната четвртина но немаше сили да го издржи темпото до самиот финиш и на крајот претрпе заслужен пораз.

Многу интересно беше во Филаделфија, каде домаќините се вратија од негатива од 26 поени за на крајот да слават над Мајами со 104-102. Редик ги постигна клучните поени на 19 секунди пред крајот, Дарио Шариќ беше одличен со 19 поени, а Симонс оствари трипл-дабл за Филаделфија со 18 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Со одлични игри продолжува Хјустон, откако „ракетите“ го совладаа Сакраменто за своја десеетта победа во низа (100-91). Тимот на ЛА клиперс исто така е во добар ритам по заминувањето на Грифин, триумфирајќи во Бостон со 119-129 за својата четврта победа на последните пет средби.

Резултати НБА:

Детроит – Атланта 104-98, Орландо – Шарлот 102-104, Филаделфија – Мајами 104-102, Бруклин – Индијана 103-108, Њујорк – Вашингтон 113-118, Бостон – ЛА клиперс 119-129, Чикаго – Торонто 98-122, Хјустон – Сакраменто 100-91, Мемфис – Оклахома сити 114-121, Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 139-117, Јут – Феникс 107-97, Портланд – Голден стејт 123-117.

Се вчитува...