И да освои шампионски прстен, Леброн не би одел кај Трамп

Леброн Џејмс не би сакал да оди на прием кај претседателот на САД, Доналд Трамп, дури и ако го освои шампионскиот прстен во НБА лигата. Коментирајќи ја одлуката на Трамп да го откаже приемот на шампионот во НФЛ лигата, Филадејфија Иглс, чии играчи отворено се спротивставија на неговите политики, клекнувајки при интонирањето на химната, Леброн, вели оти не е изненаден.

„Тоа е типично за него, не сум изненаден. Знам дека без разлика кој и да биде шампион во НБА, ниту еден играч не сака да оди во Белата куќа“ – изјави Џејмс во интервју за ЕСПН. 

Неговиот став по ова прашање дефинитивно има големо влијание со оглед на авторитетот на Џејмс во НБА круговите, но и во американската јавност.

Леброн Џејмс има неверојатна бројка од просечни 39.9 поени по натпревар во плејоф победничката серија на домашен терен шо ја има Кливленд оваа сезона. По почетниот пораз од Индијана, Кливленд врза серија од осум последовни победи на негов паркет.

Сепак овие рекордни бројки на Леброн би можеле да не бидат доволни бидејќи бранителот на титулата, Голден Стејт, веќе води со 2-0 во победи во финалната серија од плејофот. Голден Стејт ги доби двете домашни средби од финалето. Серијата сега се сели во Кливленд каде што в четврток ќе биде одигран натпреварот број три.

Се вчитува...