И ФИФА претерува: Субашиќ не смее да истакнува слика во сеќавање на Чустиќ

ФИФА очигледно добро е подготвена за казни на националните федерации чии репрезентации учествуваат на Светското првенство во Русија. Па, на ред дојде и Хрватска.

Хрватите добија казна од 70.000 швајцарски франци поради „маркетиншки инцидент“ за време на натпреварот со Данска. Хрватите покажале реклама на пијалок од неовластен производител, со оглед на тоа што ФИФА ги дала ексклузивните права на само една компанија чии производи може да се гледаат на натпреварите на СП.

А, ФИФА упати и предупредување за казна и до голманот Даниел Субашиќ кој по крајот на истиот натпревар го соблече дресот покажувајќи маичка со ликот на Хрвоје Чустиќ, неговиот поранешен соиграч и драг пријател кој почина пред десет години во несреќен случај на натпревар. Субашиќ маичката со ликот на Чустиќ ја носи на секој меч во кариерата, како своја амајлија. Но, ФИФА во своето соопштение информира дека на натпревар, како дел од опремата, не смеат да се покажуваат лични пораки, без разлика какви биле тие!

Се вчитува...