И Фирмино и Ливерпул испишаа историја во Барнли

Ливерпул остана единствен тим со максимален ефект по првите четири кола од Премиер-лигата откако „црвените“ вечерва славеа на гостувањето против Барнли со 0-3. Денешниот триумф беше 13. во низа за тимот на Јирген Клоп во Премиер-лигата, што е нов клупски рекорд за гигантот од „Енфилд“.

Салах промаши две шанси во почетните дваесетина минути, а првиот гол гостите го постигнаа со многу среќа – по обидот за центаршут на Александер Арнолд топката го закачи Вуд, доби чудна парабола и заврши во мрежата. До крајот на полувремето веќе беше 0-2, Фирмино несебично го проигра Мане, кој рутински реализираше во долниот агол од противничкиот гол.

Конечните 0-3 ги постави Фирмино, кој исто така испиша историја станувајќи прв Бразилец што стигнал до бројката од 50 постигнати погодоци во Премиер-лигата.

Се вчитува...