И Грците си имаат „Кевин Дурент“, игра за Перистери и доаѓа од Ангола

Перистери не е во врвот на грчката кошарка, но оваа сезона може да се пофали дека во тимот го има „Кевин Дурент“. Кошаркарот кој неверојатно наликува на еден од најдобрите играчи во НБА – лигата е вистински хит кај нашиот јужен сосед. Игра на центарската позиција, но ниту од далеку не може да се пофали со прецизноста од далечина што ја има вистинскиот Кевин Дурент.

Јаник Мореира е името на кошаркарот на Перистери кој во Европа ја има „славата на Кевин Дурент“. Во 2018 година првпат дојде во Грција и заигра во ПАОК, но не се прослави премногу и замина во Италија, каде го носеше дресот на Виртус Болоња. Тој е Ангола, а оваа сезона повторно е дел од грчкиот шампионат и настапува за Перистери. Некои велат тој повеќе наликува на Кевин Дурент, дури и од самиот Кевин Дурент.

Се вчитува...