И Гвардиола греши: Разбрав, тој е еден од најинтелегентните фудбалери во историјата…

Во пресрет на утрешниот дуел против Бурнмаут, Пеп Гвардиола се „поклона“ пред својот фудбалер Давид Силва. Престојниот дуел за шпанскиот фудбалер ќе биде 400-ти, јубилеен, откако игра во Премиерлигата во која како член на Манчестер сити освои повеќе од десет трофеи.

Малку кој можеше да претпостави дека Силва ќе биде апсолутно легенда на Премиерлигата која во 2010 година стигна на „Етихад“, а меѓу оние кои се сомневаа беше и самиот Гвардиола кој, пак, денеска мисли дека се работи за еден од најинтелегентните фудбалери во историјата.

„Му се восхитувам на Силва. 400 натпревари со многу успеси, падови… Се случува фудбалер да одигра една добра сезона, и тоа не е тешко, но Силва веќе десет години игра во континуитет на високо ниво и за сите нас привилегија е да го имаме во клубот. Кога дојде во Англија мислев дека нема да се снајде, но за среќа не бев во право. Тој е еден најинтелегентните фудбалери во историјата. Еден од најдобрите фудбалери на светот“ – вели сега Гвардиола.

Се вчитува...