И Јуп Хејнкес некогаш не го препознаваат: Вие навивате за Баерн Минхен?!

Баерн Минхен освои нова шампионска титула, а легендарниот Јуп Хенкес уште еднаш покажа дека е врвен мајстор на својот тренерски занает. Но, и во Германија може да се случи да не го препознаат. Тој раскажа анегдота која се случила пред вчерашниот меч против Аугсбург.

Хејнкес се возел во лифт со една средовечна двојка и носел торба со знакот на клубот, а жената го прашала:

„Леле, вие навивате за Баерн Минхен?!“

Тренерот на баварскиот тим морал да одговори потврдно…„Да, да, секако…“

Малку му олеснало кога сфатил дека тие се странци и дошле на патување од Соединетите Американски Држави.

„Таквите ситуации кога луѓето не те препознаваат, навистина те спуштаат на земја. После големите пофалби, ова доаѓа дури и како мелем“, изјави скромниот Јуп Хејнкес.

 

Се вчитува...