И Металург го совлада „шарениот“ Вардар за крај на сезоната

Металург со победа над шампионот Вардар стави точка на своите натпревари оваа сезона во машката ракометна Суперлига. На натпреварот кој немаше никакво резултатско значење „металурзите“ славеа со  32-29 (16-15).

Вардар веќе со обезбедена титулата во македонскиот шампионат со сериозно подмладен тим му се спротистави на Металург, кој од претходно веќе го знаеше своето трето место во лигата. Па, домашните играјќи за „своја душа“ стигнаа до заслужен триумф против „вардарци“.

Шилегов со 8 и Матијашиќ со 7 постигнати погодоци беа најефикасни во редовите на Металург.

Првенството од Суперлигата на Македонија завршува утре со натпреварите Еурофарм Работник – Бутел и Пелистер – Тинекс Пролет.

Се вчитува...