И младите „вардарци“ и младите „металурзи“ до победи во Супер-лигата

Ракометарите на Металург 2 по голема битка успеаја да стигнат до три бода во дуелот со Струга, триумфирајќи со 25-24 над тимот со кого ќе бидат во трка за опстанок до крајот на сезонава. Стружани имаат за што да жалат бидејќи на помалку од две минути до крајот имаа водство од 23-24, но „металурзите“ направија пресврт и со головите на Лука Стојановиќ и на Андреј Митиќ стигнаа до голема победа.

Кофиловски со шест и Стоилевски со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на стружани при денешниот пораз беше Тодор Јанкуловски со седум постигнати гола.

До нови бодови стигна и вториот тим на Вардар, откако младите „црвено-црни“ попладнево убедливо го совладаа составот на Работнички со 26-35.

Ќосевски го предводеше Вардар јуниор со девет погодоци, а Дејан Кукуловски постигна осум за „црвено-црните“.

Се вчитува...