И младите во комплетен состав: Милевски со сите расположиви сили во Израел (ФОТО)

И селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски ќе може да смета на сите расположиви сили за последните два натпревари од квалификациите за ЕП, против Израел и против Црна Гора.

Надежите денеска во комплетен состав го одработија тренингот на стадионот „Петар Милошевски“, почнувајќи со активностите околу финалната подготовка пред заминувањето за Израел во среда.

Македонија против Израелците на гостински терен игра на 12. ноември, а последниот меч од квалификациите е против Црна Гора во Скопје на 17. ноември.

 

Се вчитува...