И надежите ги почнаа подготовките за дуелите со Казахстан и Израел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за новите квалификациски натпревари против Казахстан и против Израел во обидот за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Благоја Милевски веруваат дека ќе продолжат добрите игри од овој квалификациски циклус во кој Македонија е со максимално сериозни амбиции за освојување на второто место во групата кое може да значи и пласман на ЕП.

Селекцијата до 21 година во Казахстан ќе гостува на 8. октомври, а потоа на 13. октомври ја очекува и натпреварот со Израел на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

 

Се вчитува...