Усман Диоманде, фудбалерот на Спортинг Лисабон, ќе стане ново засилување за Нотингем Форест.
Англискиот клуб ги договори сите услови за трансферот, за кој на португалскиот гигант ќе му плати 40 милиони евра.
Диоманде има 22 години, висок е 190 сантиметри и игра на позицијата стопер. Форест претходно го ангажираше и играчот од средниот ред Ксавиер Шлагер, кој пристигна како слободен играч по истекот на договорот со РБ Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
