И од Брегалница порачуваат: „Останете дома! Здравјето е заедничка одговорност!“

ФК Брегалница, како клуб со општествена одговорност, максимално ги почитува препораките од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот.

Токму во таа насока, и фудбалерите на Брегалница се вклучуваат во кампањата за подигнување на свесност кај граѓаните да останат во домашен амбиент во една кризна ситуација во државата.

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност. Заедно да го победиме коронавирусот“ – порачуваат фудбалерите на Брегалница.

Се вчитува...