И одбојкарите ги добија противниците за Медитеранските игри

По машката ракометна репрезентација на Македонија и одбојкарите ги добија своите противници за Медитеранските игри кои ќе се одржат во градот Оран во Алжир. „Спартанците“ се најдоа во групата А заедно со репрезентациите на Италија и Египет.

Во Б сегментот се Грција, Алжир, Франција и Турција, додека во групата Ц се Шпанија, Србија, Хрватска и Тунис. Натпреварите на Медитеранските игри ќе стартуваат на 26. јуни.

 

Се вчитува...