И официјално: Валенсија го претстави Нено Димитријевиќ (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално својата кариера ја продолжува во шпанска Валенсија.

Валенсија официјално потврди дека македонскиот кошаркар ќе биде нов член, потпишувајќи четиригодишен договор.

По одличните сезони во дресот на Хувентуд, Димитријевиќ повеќе од очекувано прави чекор напред во својата кариера потпишувајќи со еден од најдобрите клубови во шпанската Лига Ендеса.

Изминатава сезона ја заврши со просек од 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции во просек во европската лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valencia Basket (@valenciabasket)

Се вчитува...