И Пике се огласи за мечот на „Етихад“: Каков натпревар…, неверојатно!

Фудбалска Европа синоќа уживаше во неверојатниот натпревар кој го одиграа Манчестер сити и Тотенхем во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ победија со 4-3 но доживеаја елиминација по победата од 1-0 во првиот натпревар на Тотенхем.

Сити постигна и гол во 93. минута, но беше поништен поради офсајд ситуација на Стерлинг откако беше консултиран ВАР системот.

По овој натпревар преку Твитер се огласи и дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике кој не можеше да го премолчи воодушевувањето…

„Каков натпревар! Фудбалот некогаш е шега…, навистина неверојатно“ – напиша Пике.

 

Се вчитува...