И покрај бројните понуди: Милинковиќ-Савиќ потпиша нов договор со Лацио до 2024

И покрај бројните понуди од Јувентус, Манчестер сити и ПСЖ, српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја продолжи верноста на Лацио потпишувајќи нов договор до 2024 година, тврди „Скај Италија“.

Новиот договор на Србинот со „лацијалите“ вреди три милиони евра по сезона, на задоволство на двете страни.

Лацио изминативе месеци одби богата понуда од ПСЖ кој беше најупорен да го донесе српскиот фудбалер. Милинковиќ-Савиќ е член на Лацио од 2015 година. За „небесносините“ досега има одиграно 193 натпревари и постигнато 36 гола.

Се вчитува...