И шампионот на колена: Бостон од -17 со пресврт до 14-та победа по ред!

Кошаркарите на Бостон успеаја да анулираат 17 поени негатива и со огромен пресврт да стигнат до триумф против шампионот Голден стејт со 92-88 во синоќешниот натпревар од НБА лигата.

На тој начин, Бостон ја продолжи победничката серија нанижувајќи ја и 14-та победа по ред. Вориорси одлично ја почнаа средбата добивајќи ја првата четвртина со 28-18. Во третата четвртина Голден стејт дојде и до својата највисока предност од 17 поени разлика (66-49), за да потоа следи неверојатна серија на Бостон од 0-19 и водство од 66-68.

Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејлен Браун со 22 поени, Хорфорд постигна 18, Ирвинг 16. Во составот на Голден стејт Дурент реализираше 24 поени, а Стеф Кари само девет поени.
Хјустон со 142-116 го победи Феникс во исклучително ефикасен натпревар. Џејмс Харден имаше уште една одлична партија постигнувајќи дури 48 поени.

Се вчитува...