И Шкендија ќе купува Ерменци…!?

Веднаш по стартот на подготовките за настапот во квалификациите за Лигата на Европа, тетовска Шкендија е насочена и кон освежување на играчките редови. Посебно, по проветрувањето кое се очекува со заминувањето на неколку првотимци од минатата сезона, донесени од претходниот тренер Томас Брдариќ.

Шкендија е фокусирана на засилување на одбраната во своите редови, а согласно последните шпекулации, некако по примерот на Вардар, ќе се пазари од Ерменија. Најавен е ангажман на ерменскиот репрезентативец Тарон Восканјан, во моменто член на кипарска Кармиотиса. 24-годишниот Восканјан претходно од 2010 до 2016 настапувал за ерменски Пјуник, а досега има и 20 настапи за репрезентацијата на Ерменија.

Како што е познато, во игра за нови засилувања на тетовци се и Ремзифаик Селмани од Ренова, но и дефанзивецот на албански Скендербег, Бајрам Јашаница.

Се вчитува...