Сите наши противници во Лигата на Нации се соочуваат со проблеми со составот, Швајцарците останаа без Џака и Закарија, нападот на Словенија нема да биде преводен од Шешко, а попладнево беше објавено дека и двајца стандардни фудбалери на Шкотска нема да можат да и помогнат на оваа островска селекција на претстојните натпревари од Лигата на нации.
Шкотите денеска почнаа со работа, а новиот селектор Покоњоли веднаш се соочи со главоболка откако Киран Тирни и Кени Меклин поради повреди го откажаа настапот за дуелите со Швајцарија и Македонија, како и за двомечот со Словенија.
Дефанзивецот Тирни и играчот за врска Мекин имаат вкупно 119 настапи за Шкотска и во ситуација кога се повредени и Мектоминеј, Адамс и Шенкленд требаше да бидат лидери на тимот, но Покоњоли сега е приморан на нови експерименти во пресрет на своето селекткорско деби.
Дополнително беше повикан Кристи Монтгомери, фудбалерот за врска на Блекбурн кој најпрвин беше предвиден во младинската репрезентација, но по најновиот развој на настаните е приклучен на А-тимот на Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
