И Србите го имаат истиот проблем како Македонија

Српскиот селектор Љубиша Тумбаковиќ се пожали на истиот проблем како и македонскиот табор, откако препораката за карантин јасно става до знаење дека фудбалерите што треба да пристигнат од Италија ќе мора да бидат ставени во изолација веднаш по влегувањето во земјата.

Српската репрезентација на 26 март гостува во Осло во полуфиналето од Лигата на Нации, а доколку ситуацијата не се промени Тумбаковиќ нема да може да смета на неколку стандарди првотимци.

Не би било регуларно Србија да не може да смета на репрезентативците кои играат во Италија. Тоа е повеќе од половина тим, што ќе биде голем удар за нас. Ќе видиме што ќе се случува, секојдневно стигнуваат нови информации, загрижен е целиот свет. Ние се подготвуваме како мечот да се игра најнормално, бидејќи немаме ниту еден детал од УЕФА што би ни најавил дека средбата ќе биде одложена“, истакна Тумбаковиќ.

Српските репрезентативци ќе се соберат во Стара Пазова на 23 март, а веќе следниот ден е закажно патувањето за Осло, каде мечот со Норвежаните ќе го играат на 26 март.

Се вчитува...