И тоа како важни победи за Торонто и за Њу Орлеанс

Најинтересени мечеви од синоќешните шест во НБА лигата се одигра во Њу Орлеанс и во Торонто каде домашните екипи славеа важни победи.

Њу Орлеанс води жестока битка за плеј-офот, а по четири врзани порази конечно успеаја да слават и тоа против Мемфис на домашен терен со 123-95. Беше тоа 44-та победа за Пеликанс кои сега имаат една победа повеќе од Денвер кој е на деветтата позиција, однозно позиција која не води во плеј-офот. Од друга страна Мемфис ја игра една од полошите сезони, претпоследен на Западот со само 21 победа.

Мур со 30 поени го водеше Њу оОрлеанс до триумфот, додека Ентони Дејвис дополни со 28 поени и 12 скока. Кај гостите Брукс беше најдобар со 25 поени.

Торонто славеше против Бостон со 96-78. во директната борба за првото место на Истокот. Торонто на тој начин стигна до 56-та победа оставајќи го ривалот на 53 победи, што значи дека се и тоа како блиску до потврда на првата позиција во Источната конференција и дуел веројатно против Вашингтон или Милвоки во првата рунда од плеј-офот.

Торонто до триумфот беше предводен од ДеРозан со 16 поени, додека кај Бостон Морис и Монро постигнаа 21 односно 17 поени.

Во останатите мечеви Детроит загуби на домашен терен од Филаделфија со 108-115, Орландо беше подобар од Далас победувајќи со 105-100, Атланта загуби од Мајами со 86-115 додека ЛА Лејкерс славеа против Сан Антонио со 122-112.

Се вчитува...