И тоа се случи: Меси му даде гол на Буфон

Лионел Меси во четвртиот обид конечно успеа да му даде гол на Џанлуиџи Буфон, носејќи ја Барселона во водство од 1-0 по првото полувреме од дуелот со Јувентус.

Аргентинецот немаше среќа при шутевите кон искусниот голман на претходните средби, но овојпат се снајде одлично и во самиот финиш од првото полувреме испрати одмерен удар кон долниот агол во голот на гостите, матирајќи го ветеранот на голот на „старата дама“.

Lionel Messi Goal HD – Barcelona 1-0 Juventus… by livefutbolll

Се вчитува...