Албанија и Србија ќе бидат заеднички домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година што во 2027 година ќе биде одржано токму во овие две земји.
Во српската и во албанската фудбалска федерација на оваа заедничка кандидатура гледаат како на добра шанса за помирување и смирување на тензиите пред квалификациите за СП 2026 во кои овие две балкански земји беа извлечени во иста група.
На заедничката кандидатура се гледаше со голема скепса кога истата беше поднесена, но откако Белгија и Турција ги повлекоа своите пријави сега оваа кандидатура остана единствена за настанот во 2027 и се очекува во следните денови да биде официјално прифатена од страна на УЕФА.
Како што пишуваат српските медиуми, финалето ќе се игра на стадионот во Тирана, додека кај северниот сосед нема да има натпревари во Белград, туку ќе бидат користени стадионите во Нови Сад, Лозница, Зајечар и Лесковац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА