И Тухел во игра за нов менаџер на Арсенал

Арсен Венгер најверојатно ќе си замине од Арсенал по завршувањето на сезоната, со што ќе стави крај на најдолгиот период во кој еден менаџер седел на клупата на премиерлигашки клуб. Секако, рамо до рамо со сер Алекс Фергусон, кој во минатото го водеше Манчестер јунајтед. Медиумите на Островот веќе отворено почнаа да шпекулираат со имињата за негов наследник, а најголеми шанси засега има тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Сепак, британскиот „Телеграф“ тврди дека Томас Тухел, сегашниот тренер на Борусија Дортмунд, е првата опција на раководството на Арсенал, Негова предност е тоа што негува напаѓачки фудбал и веќе е навикнат да работи со млади фудбалери, така што не би требало да има проблеми да го наследи Венгер, кој исто така преферира таков стил на работа. Но, од друга страна, титулите на Алегри се неговата предност.

Покрај овие двајца стратези, како можни наследници на Венгер се споменуваат и Леонардо Жардим, тренерот на Монако, и Роџер Шмит, стратегот на Баер Леверкузен.

Се вчитува...