И Турција ги запре сите спортски активности поради коронавирусот

И туркста влада одлучи да ги стопира сите спортски натпреварувања во земјата како начин за превенција од коронавирусот. Наспроти запирањето на спортот во многу европски земји, во Турција изминатиов викенд се уште беа активни спортските терени. Сепак, од денеска и официјално запрен и во оваа земја.

Како што информираше турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, донесена е одлука да се прекинат ракометните, одбојкарките, кошаркарските и фудбалските лиги како дел од мерките на претпазливост.

Се вчитува...