И покрај тоа што првично беше најавено дека викендов ќе биде дозволено присуство на навивачи на спортските натпревари, и Турција реши да го следи примерот на европските земји. Па вечерва турската Влада, покрај низата мерки за спречување на коронавирусот, донесе одлука и сите спортски натпревари во земјата да се играат без присуство на публика.
Одлуката е сите спорски настани до крајот на април да се играат без публика. Сето тоа значи дека и неделното големо дерби меѓу Галатасарај и Бешикаташ ќе биде пред празни трибини, и покрај тоа што Галатасајар веќе продаде повеќе од 50.000 билети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА